Над милион лица потпишаа петиција против посетата на Трамп во Велика Британија
Над милион лица потпишаа петиција со која ја повикуваат Велика Британија да ја повлече поканата за американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Велика Британија и да присуствува на вечерата со кралицата Елизабета Втора.
Петицијата, што досега собра над милион потписи, е започната пред британскиот премиер Тереза Меј да го повика Трамп во „државна посета“, што значи дека тој би дошол на повик на британската кралица.
Меѓутоа, кампањата за спречување на посетата на Трамп во Велика Британија доби на интензитет откако американскиот претседател ја потпиша уредбата за забрана на влез во САД на државјаните од седум муслимански земји.
- На Доналд Трамп треба да му биде дозволен влез во Велика Британија во својство на шеф на држава, но не би требало да биде повикан во официјална државна посета, бидејќи тоа би претставувало срам за нејзиното кралско височество, се наведува во петицијата.
Трамп би требало да ја посети Велика Британија подоцна оваа година.
Британските медиуми потсетуваат дека кога некоја петиција е потпишана од повеќе од 100.000 луѓе, пратениците мора да ја разгледаат.
Пратениците на владејачката Конзервативна партија и опозициската Лабуристичка партија ја критикуваа одлуката на Трамп, а лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин порача дека државната посета на Трамп треба да се „стави на чекање“.
Ново на Сител
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат
-
Нова промена на цените на горивата
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско