-->
-->
Ја нападна вербално ќерката на Трамп - Патник исфрлен од авион
-->
Еден патник е изваден од авион на компанијата Џетблу на меѓународниот аеродром ЏФК во Њујорк, откако вербално ја нападна Иванка Трамп, ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
-Твојот татко ја уништува нашата земја. Зошто е таа на нашиот лет? Таа би требало да лета со приватен авион - ја прашуваше неименуван патник Иванка Трамп.
Во соопштението авиокомпанијата Џетблу потврди дека еден патник е изваден од авионот.
-Одлуката да се отстрани од летот не беше лесно донесена. Во овој случај, нашиот тим работеше на тоа странката да се прилагоди на наредниот достапен лет, се наведува во соопштението на компанијата.
Тимот на Трамп за транзиција не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?