Општина Велес парите за пречек на Нова година ќе ги пренамени за хуманитарни цели
Општина Велес одлучи и оваа година да не организира забава на плоштад за Нова година и да ги пренамени средствата за хуманитарна новогодишна акција. Како што информира градоначалникот Славчо Чадиев на денешната прес-конференција, за таа намена општината ќе издвои 120 илјади денари.
- Од Центарот за социјални работи побаравме информации за семејствата кои имаат најголема потреба од хуманитарна помош. Помошта ќе им ја донираме во пресрет на претстојните празници, најави Чадиев.
Информира дека во донацијата ќе се вклучат и вработените од општинската администрација кои со својот придонес ќе се обидат да ја збогатат празничната атмосфера на повеќе нивни сограѓани.
- Ваквиот позитивен пример се очекува да го следат и многу други институции низ државата кои со своите хумани гестови треба да покажат дека ранливите категории граѓани никогаш нема да бидат заборавени, потенцира Чадиев.
Општина Велес последниот организиран пречек на Нова година го организира во 2013 година.
Ново на Сител
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози