Апел од Црвен крст за помош на настраданото население од тетовско
Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња... е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од синоќешното невреме.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15 овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.
Од Црвениот крст на РМ информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 - Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефобнските броеви: 075/070/077 143-400.
Црвениот рст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.
Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Во текот на денов дополнително ќе бидат дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.
Синоќешното невреме во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, а 11 се повредени, и предизвикаа материјални и штети. Во Тетово утре и задутре се прогласени денови на жалост.
Ново на Сител
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина