Европски филмски ден за млада публика, пријавување до 4 мај
Во Кинотека на Македонија на 8 мај ќе се одржи целодневен настан посветен на Европскиот филмски ден за млада публика. За да бидат дел од овој настан, младите треба да пополнат соодветна апликација преку линк на веб - страната на Кинотека најдоцна до 4 мај.
Младата публика ќе има можност да проследи три филма селектирани од страна на Европската филмска академија кои ќе се прикажуваат истовремено во различни градови низ цела Европа. По проследување на филмовите, младите преку гласање ќе треба да го изберат најдобриот европски филм кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија која се одржува во Ерфурт, Германија. За време на настанот младите од сите земји ќе бидат поврзани меѓу себе преку live stream, ќе имаат можност да бидат дел од официјалната церемонија, додека преку комуникациска платформа ќе имаат можност освен да комуницираат меѓу себе, воедно и да им поставуваат прашања на режисерите, актерите и продуцентите на филмовите.
Овој настан се одржува секоја втора година.
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК