Преглед на вестите од светот
Заврши дваесет и двечасовната блокада на влезовите во зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио телевизија на Војводина (РТВ).
Студентите кои во понеделникот околу 23 часот го блокираа влезот во зградата на РТС, ноќта ја минаа пред јавниот сервис. Граѓаните им дадоа поддршка на младите и ноќта ја поминаа со нив.
Редарите од редовите на студентите, формира жив ѕид и не дозволуваа вработените да влезат во зградите, но секој што сакал можел да излезе. Пред зградата на јавниот сервис им се обратија дел од вработените во РТС кои ги поддржуваат студентите и ги повикаа колегите да им се придружат. Во првите часови од протестот имаше и немири кога беше повреден еден полицаец. По завршивањето на протсестот студентите го чистеа прострот каде што се наоѓаа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави во Џеда, по разговорите со украинската делегација, дека САД дале понуда која Украина ја прифатила – за прекин на огнот и да започне преговори за трајно и одржливо завршување на конфликтот. Тој додаде дека оваа понуда сега ќе ѝ биде пренесена на Русија и изрази надеж дека и Москва ќе ја прифати. - Сега топката е кај нив, истакна Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп сака крај на војната.
Министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров, нагласи дека двете страни ја пофалиле храброста на украинскиот народ во одбраната на својата земја и се согласиле дека сега е вистинскиот момент за почеток на процесот кон траен мир.
Украина ја потврди својата подготвеност да го прифати американскиот предлог за моментален, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, со можност за продолжување со заемна согласност на сите страни, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.
Делегациите, исто така, разговараа за хуманитарните напори,
Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот. - но САД „мораат да ја убедат Русија“ да се согласи на договорот.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар