Преглед на вестите од светот
Лидерите на ЕУ на вчерашниот самит во Брисел се обврзаа да работат заедно на зајакнување на одбрната и да ослободат стотици милијадри евра за безбедност , по пораките од американскиот пресетдателот дека треба самите повеќе да се грижат за својата одбрана и да бидат помалку зависни за безбедноста од САД. Сите 27 земји се согласија да го преземат товарот на свои рамениците се пофали претседтаелката на ЕК. Излегуваме од овој Европски совет многу решени да ја обезбедиме безбедноста на Европа и да дејствуваме со обемот, брзината и решителноста што ги бара оваа ситуација“, изјави фон дер Лајен по завршувањето на самитот. Но на самитот не беше постигнат консензус за поддршка за Украина, поради противењето на Унгарија да го поддржи заедничкиот заклучок на ЕУ за воена помош и бебзедносни гаранции за Киев.
„Ако војната трае 3 години и 26 европски држави и САД заеднички ја поддржаа Украина, а сепак Русите победуваат на фронтот, а сега САД се откажаа ( да ја финансирааат ј војната), зошто другите 26 земји-членки би имале шанса да ја дочекаат оваа војна до крај? Ако велите дека војната треба да продолжи, тогаш некој мора да го финансира тоа. Сега, кога Американците се откажаа, тоа ќе не чини многу, ако Европејците сакаат да продолжат вака, нашиот последен денар ќе биде потрошен на оваа војна“.
Украинскиот претсеател Зеленски објави дека украински преговарачи ќе се сретнат со американска делегација во Саудиска Арабија следната недела за да разговараат за рамка за мировен договор за ставање крај на непријателствата со Русија. Кремљ пак информираше дека за Русија прифатлив е предлогот од Вашингтотн во кој се споменува можноста нацрт договроот за кој Москва и Киев разговраа во Истнабул во 2022 година може да биде почетна точка за решавање на конфликтот.
Aко членките на НАТО не платат, САД нема да ги брани
Американскиот претеседател повторни им се закани на партнерите од НАТО што нема да ги зголемат трошоците за одбрана дека САД нема да ги брани ако бидат нападнати. Според Трамп членките треба да издвојуваат најмалку 5 насто од бдп-то.
„Ако не ги платите вашите сметки, нема да учествуваме, нема да ве заштитиме“Не, нема да ги бранам. Се додека не дојдов јас, плаќавме близу 100% од НАТО. Затоа размислете за тоа. Ние плаќаме, а тие нè зафркнуваат на трговијата“.
Трагедија во Хрватска, три деца изгореа во пожар
Трагедија во Хрватска. Три деца на возраст од 4, 6 и 8 години изгореа во семјениот дом во градот Чуканец в кој избил пожар доцна синоќа . Огнената стихија од засегна непознати причини почнала на поткровјето каде што биле децата. Таткото, мајката и двегодишно дете се здбиле со повреди. Таткото неколку пати се обидел да влезе на поткровјето за да ги спаси децата, но пожарот бил пресилен пренесуваат хрватските медиуми. Во тек е истрага за утврдување на причините за трагедијата.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар