Македонија
7. March 2025 - 16:53

Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер

Ќе се држиме до политиките на стратешкиот партнер но членството во Европската Унија останува наша прва стратешка цел. Колку Америка ќе ни помогне на овој пат Премиерот денеска не сакаше да претпоставува. 

Извори од македонското МНР за Сител велат дека од поголемиот дел од европските земји добиле препорака спорот со Бугарија да се реши со посредство на САД. Од МНР додаваат дека интензивно се работи на промоција на уставните измени со одложено дејство но повеќе детали за тоа како да се убеди Бугарија да ги деблокира преговорите како што велат во интерес на процесот нема да откриваат.  Од таму додаваат дека Македонија ќе ја следи политиката на стратешкиот партнер за кој се убедени дека има интерес земјава да стане дел од европското семејство

Во СДСМ сметаат дека Владата не знае што понатаму со европските интеграции

Од СДСМ и натаму бараат собраниска седница на која владата ќе ги презентира своите планови за тоа како владата планира да ги деблокира преговорите.

Македонските интеграции се заглавени откако претходната Влада вети уставни измени но не успеа за нив да обезбеди мнозинство во Собранието.