Loading Video...
Свет
28. February 2025 - 16:38

Зеленски средба со Трамп во Белата куќа

Не можам да поверувам дека го нареков диктатор. Зеленски е храбар човек и имам голема почит кон него. Американскиот претседател со пофални збороови за својот украински колега  во пресрет на нивните разговори во Белата кука. Пред само неколку дена - Трамп го нарече Зеленски диктарот кој не сака да организира избори, го обвини дека ја почнал војната и му порача ако не согласи на мировен договор ризиикува украина да остане без земја. 

- Дали сè уште би рекле дека г-дин Зеленски е диктатор?

- Дали го кажав тоа? Не можам да верувам дека го кажав тоа. Следно прашање. 

Зеленски од синоќа е во Вашингтон а со Трамп ќе се состане попладнево.  Шефот на Белата куќа очекува  официјализирање на  екомскиот  договор за ретки миниерали, со кој  САД ке добие пристап  до украинските наогалишта но не ги вклучува американските безбедносни гаранции, што Украина очајно ги бара. Договорот  е добар за двете земји вели американскиот претседател  - САД ке ги компензира парите што ги потроши досега за Киев во војната а  разурната  Украина ке се обновува . Договорот за украинските минерали нагласува ТРамп  е дел од  од процесеот за мир во Украина а присуството на САД во рударскиот сектор на Украина може да послужи како автоматска безбедносна гарација. 

- Мислам дека никој нема да си игра наоколу ако сме таму со многу работници и имаме врска со ретки земји и други работи што ни се потребни за нашата земја

- Репортер прашува: Дали мислите дека Владимир Путин би можел повторно да изврши инвазија во случај на мировен договор?) Мислам дека не е така. Мислам дека кога ќе имаме договор, тоа ќе биде договор.  Тешкиот дел е постигнувањето на договорот , вели Доналд ТРамп, претседател на САД. 

Зеленски најавија дека    на состанокот ке инсистира  на поконректни безбедноси гаранции од САД  за да спречи  нов руски напад.   За важноста на  американски безбеднсни гаранции за Уркаина во случај на прекин на огнот  збруваше и британскит премиер за време на средбата со Трамп. Стреерм рече дека Европа ке и даде безбедносни гаранции на Украина, но потребни се и американски. 

- Договорот, ако го добиеме, ќе биде многу важен. Ако има договор, мораме да се погрижиме да биде договор кој трае, кој не е привремен, туку трае. И затоа треба да се увериме дека тој е безбеден, за да се осигураме дека овој договор е нешто што не се прекршува бидејќи е многу важно доколку има договор, да го задржиме, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија. 

По состанокот со Трамп, шефот на украинската држава ке замине за  Велика Британија на разговори со  премиерот Стармер.