Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот во Соединетите американски држави. По како што рече тектонските политички промени во светот САД е најдоброто место каде што се градат идните стратегии
Позитивни оценки за активноста на премиерот стигнаа и од амбасадорот на Европската Унија
Премиерот веќе втор ден е во САД каде веќе оствари средва со американскиот заменик помошник секретар за Западен Балкан Александар Касаноф а вчера говореше и на Панел во Атланскиот совет
Мицкоски по преземањето на власта на јавна сцена ја форсира идејата за уставни измени со одложено дејство како решение на проблемот во кој беше втурната Македонија откако претходната власт го прифати францускиот предлог без да обезбеди соодветно парламентарни мнозинство за него.
За МАНУ, оваа идеја на Премиерот е добра и може да ги придвижи работите
Во Брисел официјалниот став е на линија на бугарскиот, дека без промена на уставот интеграциите остануваат заглавени. Сепак, речи си сите клучни играчи во Европската Унија се подготвени да видат дополнителна дипломатска инвентивност за надминување на проблемот.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар