Македонија
23. January 2025 - 16:32

Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик

Ахмети испрати скандалозна порака од Чашка, ако сите што зборуваат албански ги испратиме во Албанија, а оние кои зборуваат бугарски во Бугарија, праша на кого ќе ја оставиме оваа држава. Оваа изјава на лидерот на ДУИ со брзина на светлината ја пренесоа бугарските медиуми. БГНЕС толкуваат дека со оваа изјава Ахмети алудирал на тоа дека Македонците зборуваат бугарски јазик.

- Ги гледам како зборуваат како змии, како оваа земја да им припаѓа само на Македонците. Но, не е така, затоа што не е само нивна. Албанците не се од вчера во оваа земја. Не прашуваат зошто Албанците овде зборуваат албански, а Алжирците во Франција не зборуваат арапски, а 6-те милиони Турци во Германија не зборуваат турски, а велат: „Ако овие луѓе сакаат да зборуваат албански, нека одат во Албанија“. Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја, прашал Али Ахмети

Од ДУИ реагираат дека контекстот на Ахмети бил сосема погрешно интерпретиран, велат  тој упатил порака дека овие прашања треба да се надминат со почит и разбирање, бидејќи иднината на државата зависи од заедништвото на сите нејзини граѓани.

- Во своето обраќање во Чашка, г. Ахмети се осврна на дискриминаторските ставови на некои поединци кои често велат дека „доколку Албанците сакаат да зборуваат на својот мајчин јазик, треба да заминат во Албанија“. Тој со иронија и реторика истакна дека ваквите ставови се крајно погрешни и штетни, нагласувајќи дека Македонија е заедничка татковина на сите нејзини граѓани.  Ахмети потсети дека Албанците не се дојденци, туку автохтони жители кои со децении го граделе својот дом овде, зборуваат на својот мајчин јазик, и се рамноправно застапени во институциите на државата.

Сметаат дека требало да се побара појаснување од ДУИ за изјавата наместо да се потпираат медиумите на интерпретации од бугарските медиуми, кои честопати имале свои агенди.