ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.
- Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.
Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.
- Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Радовиш, од 14.30 до 15.20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу еден декар во с.Калуѓерица и од Регионалниот ЦУК Тетово, информираат дека ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена бандера и просторот околу неа, во населбата „Питарница“, информира Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра отишол да се бори за руската војска - кривична за скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите