Македонија
3. October 2024 - 12:18

Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ

Премиерот Мицкоски вели дека очекувал поголема креативност на вчерашниот настап на ДУИ и Европскиот фронт. Тој утрово вели дека обидите за дестаблизиација веќе се осуетени па ДУИ ја менува реториката.

Најавата за протести, Мицкоски ја коментира како остварување на демократските права, потенцирајќи дека во случај тие да излезат надвор од она што го дозволува законот, надлежните институции соодветно ќе реагираат.