Loading Video...
Балкан
16. May 2024 - 16:38

Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје

Грција нема да толерира отстапки од Преспанскиот договор. Премиерот Мицотакис вели непочитувањето на обврските ќе влијае на билатералните односи меѓу двете држави, но, и како што вели, европскиот пат, на Скопје. Тој во телевизиско гостување најави дека грчкиот парламент нема да ги потврди меморандумите од Преспанскиот договор на кои се обврзале Скопје и Атина. Според Мицотакис, тоа било единственото оружје за притисок ако Македонија не го почитува договорот.

Ратификација на трите меморандуми побара грчката опозициска партија Сириза чиј претходен лидер се потпиша на договорот од Преспа. Обвинија дека наместо да го промовира, со документот, Мицотакис подгревал национални прашања. Таквиот чекор на тамошната опозиција, грчкиот премиер го нарече апсурд. Вели му се потврдиле сомневањата дека некоја идна влада во Македонија може да го поткопа договорот, па единствена заштита било непотпишување на меморандумите со кои Грција треба да помага во ЕУ интеграциите, унапредување на економската соработка и надгледување на воздухопловните операции.  

Во меѓувреме во грчкиот парламент лидерот на десничарско-националистичката партија на вчерашната седница го искина договорот од Преспа бидејќи како што појасни истото го направило и Скопје.

Реакциите од Грција следат откако новоизбраната претседателка Силјановска Давкова во свечената изјава не го употреби уставното име според Преспанскиот договор.