-->
-->
Завршена е обдукцијата на телото на Вања, предадено е на семејството
-->
Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата.
Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан, пренесе МКД.мк.
Четиринаесетгодишното девојче кое исчезна на 27 ноември во 7,30 часот, беше најдено убиено неколку дена подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја