Економска информативна работилница за Македонија во Париз
Во Париз денеска ќе биде одржана Економска информативна работилница за Македонија, организирана од француската агенција Business France. соопшти Амбасадата на Франција во Скопје.
На работилницата, како што соопшти Француската амбасада, ќе присуствуваат француската амбасадорка Лоренс Оер, министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и вршителот на должност во Амбасадата на Македонија во Париз, Габриел Атанасов.
- Работилницата претставува исклучителна можност што им се нуди на извозниците, инвеститорите и бизнисмените. Таа ќе им овозможи да го разберат и да го истражат локалниот пазар, да се сретнат со експертите што ги придружуваат француските компании и да направат преглед на најновите случувања на македонскиот пазар. Работилницата ќе им ја претстави на француските компании атрактивноста на Македонија, за да ги охрабри да инвестираат на нејзина територија. Покрај тоа, средбите со експертите што ги придружуваат француските компании ќе им обезбедат информации за приоритетните инвестициски проекти кои се одобрени и политички и финансиски од страна на властите во земјата, како и од меѓународните донатори, се вели во соопштението од Француската амбасада.
На економската средба во Париз ќе бидат претставени главните сектори, проектите за железничката и електричната инфраструктура, како и политиките што ги спроведуваат македонските власти за да ги охрабрат француските инвеститори да се приклучат кон оние што веќе се активни во Македонија, како што се: Сосиете Женерал, ЕЖИС, Фресине, Суец, Систра, Лакталис, Публицис, AКОР, Аеродроми Париз и други.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?