Само вчера во Скопје казнети над 170 возачи - најголемиот дел од нив возеле пребрзо
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога