-->
-->
Дали Катица Јанева работи по закон или по политичка наредба?
-->
Лидерот на СДСМ и самиот потврди дека со Катица Јанева имаат заеднички план за дејствување.
Лидерот на СДСМ и самиот потврди дека со Катица Јанева имаат заеднички план за дејствување.
Во Капиштец пред два дена тој ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Катица Јанева треба да ги спроведе за Заев. Кои се нејзините следни чекори, никој не би можело да знае, освен оној кој со неа има тесна соработка.
-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.
Опозицискиот лидер очекува Катица Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите.
-Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев во Капиштец.
Заев најавува дека наскоро мора да има нешто од СЈО и дека тоа ќе влијае на изборите. Прво, обвинителството кое е во рацете на Катица Јанева треба да го интересира правдата, а не изборите. Второ, но исто така многу важно, е прашањето зошто некој, во случајов Заев, би се потпирал на постапки на обвинителка, а не на своја партиска програма?
Специјалната јавна обвинителка не излезе со реакција на ваквите изјави кои ги даде опозицискиот лидер за нејзините активности. Со ваквото нејзино однесување останува отворено прашањето- Дали Јанева работи по закон или по политичка наредба?
Професоркатар Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за КУРИР вели дека Заев врши притисок врз СЈО, а Катица Јанева молчи за директните упади во нејзината надлежност.
– Лидерот на СДСМ, во неколку наврати до сега, свесно врши силен притисок врз работата на Специјалното јавно обвинителство, преку директно посочување што треба да работи овој државен орган, кои предмети треба да бидат први за процесуирање, а кои треба да бидат оставени за натаму, и како треба да изгледа епилогот од сработената работа. Тој пред јавноста дури отиде и чекор понатаму, си наметна судска тога и потпиша притвор за неговите политички непријатели. Глумејќи самоувереност, без никакво прикривање, сосема јасно и недвосмислено лидерот на СДСМ ја диригира работата на Специјалното јавно обвинителство како да е тоа негов партиски орган кој треба да работи по партиска директива, а не државен орган кој е под заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите на државата. И најиндикативно од се е што Јанева не се оградува од овие и вакви партиски директиви, туку одлучува да молчи. Таа молчи за ваквите директни упади во нејзините надлежности. Преку молчењето таа директно ја прифаќа оваа состојба како нормална и како законска. Во други конкретни случаи, каде постои незаконско постапување на нејзините соработници, специјалната обвинителка не молчи, ама сосема несмасно се одлучува да глуми дека “не е од тука” и покрај тоа што и е јасно дека однесувањето на поединци од нејзиниот тим е спротивно на Уставот и на законите, вели професорката за КУРИР.
Таа вели дека така, всушност се создава состојба во која оние кои мора да ги почитуваат правните акти на земјата, се ставаат во одбрана на антисистемското делување.
– Целава оваа состојба несомнено му наштетува на правниот систем на државата, но што е уште пострашно ја повредуваат правната сигурност на граѓаните. Преку ваквото неуставно и незаконско делување на органот кој е должен да работи во интерес на државата и на граѓаните, се воспоставуваат опасни правни преседани во правниот систем на РМ кои ако продожат со овој интензитет ќе ги урнисаат јавнообвинителските и судските органи, но и европските стандарди за независност и самостојност на судството и на јавното обвинителство, на кои постојано инсистира и зборува СДСМ. Само да потсетиме дека изјавите на партиските мегафони на СДСМ кои повеќе од една година зборуваат дека треба да се уништат постојните државни органи и да се изградат нови, секако по нивна мерка, е дел од сценариото што ни се случува во моментов, заклучува Каракамишева-Јовановска.
Катица Јанева лажела во писмото до Советот на обвинители
Писмото на специјалната јавна обвинителка до Советот на обвинители е со измислена содржина. Избрканите јавни обвинителки не дале исказ каков што Јанева тврди во писмото, изјави вчера претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.
Аневски рече дека заклучокот на Советот на Јавни обвинители по обемната дискусија за двете обвинителки е дека Катица Јанева го прекршила законот за јавно обвинителство и законот за работни односи, затоа што по нејзино наоѓање ги отстранила од работните места и на брутален начин со асистенција на судската полиција ги исфрлила од нивната канцеларија двете обвинителки Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.
– Катица исто така во писменото обраќање наведе дека сами тие побарале да заминат, и тоа не е точно и буквално речено писмото е со невистинита содржина, такво барање нема и не произлегува од исказот на двете јавни обвинителки. Советот на обвинители утврди дека двете обвинителки се избркани од работа и не се отстранети поради намален обем на работа, рече Аневски.
Тој додаде дека односот е непристоен и неетички и на наредната седница членовите од Советот бараат да видат колкав е обемот на работа и тогаш е можно да донесат одлука за намалување на обвинителството на Јанева од 12 на 10 обвинители, како и да решат за судбината на обвинителките каде ќе работат.
Ваквите настани уште повеќе ја зацрнуваат темната дамка во работата на Катица Јанева, а останува отворено прашањето колкав кредибилитет може да има сега таа како специјална јавна обвинителка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службено лице. Ќе се гони вработен во МВР кој нудел 100.000 поткуп за потенцијален сведок.
-По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока. Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци од член 368- а, ст. 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ова не е единствениот сведок кој пријавил дека му било вршено притисок, примал закани и уцени од тимот на Специјалната јавна обвинителка.
Денес КУРИР го отвори и прашањето- „Кој функционер од СДСМ требало да исплати 100.000 евра за лажен исказ“? Ова е главното прашање на истрагата која ќе се води наредниот период од страна на обвинителството за гонење организиран криминал против соработникот на Оливер Спасовски, кој на сведок му понудил 100.000 за да потпише невистинит исказ.
Како што објавија медиумите, со овој лажен исказ, Специјалното јавно обвинителство требало да конструира случај против Гордана Јанкулоска.
Дали осомничениот ќе се отвори и ќе соработува со органите на прогонот останува да видиме, бидејќи навистина се наметнува дилемата на кој функционер од СДСМ ми е толку важно да се конструира овој случај па бил подготвен да плати и толкава сума на пари.
Факт е дека не сите членови на раководството на СДСМ располагаат со имот вреден стотици па и милиони евра. Познато е дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, самиот се фалеше дека тежи неколку милиони евра, а и Радмила Шеќеринска има солидни приходи со оглед на тоа што само од кирија инкасира по 5000 евра месечно. Ништо полошо не е ситуиран ниту партискиот портпарол Петре Шилегов кој има прилично богат анкетен лист со имот и уметнички слики вредни стотици илјади евра.
Сведокот веќе дал исказ во јавното обвинителство, а како што дознаваме од извори во истрагата, постојат прилично цврсти материјални докази во прилог на пријавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза