Loading Video...
Фудбал
6. August 2022 - 18:35
Ливерпул извлече „реми“ на гостувањето кај Фулам
Aнглискиот вице-првак Ливерпул одигра нерешено на гостувањето кај Фулам 2-2 во вториот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.
Иако домаќините имаа повеќе од играта, а со головите на Србинот, Митрвовиќ во 32-та и 72-та минута на два пати имаа и предност, сепак гостите од „Енфилд“ се изборија за бод.
Новото засилување, Уругваецот, Нуњез кој дојде од Бенфика, во 64-минута беше стрелец на првиот, а Салах во 80.мунтиа на вториот израмнувачки гол за Ливерпул .
Инаку сезоната во Премиер лигата синоќа ја отворија Кристал Палас и Арсенал со мечот во кој гостите славеа победа со 2-0.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->