Прва МФЛ: Победи на Шкупи, Шкендија, Брегалница и Тиквеш
Фудбалерите на Шкупи остануваат цврсто на врвот на прволигашката табела откако со 4-0 го торпедираа тимот на Струга Трим Лум.
Гостите солидно го одиграа првото полувреме кое заврши без голови но во второто екипата на Гоце Седлоски се разигра и со головите на Адетунџи кој беше двократен стрелец, Фаустин Сењор
и Маркоски ги освои значајните бодови во битката за шампионската титула.
И шампионот Шкендија не се откажува од одбраната на титулата и славеше со 2-1 на гостувањето во Ѓорче Петров.
Гостите од Тетово имаа водство од 2-0 со головите на Гури и Шала но во 83-тата минута Камара го ублажи водството на противникот но домашната Македонија немаше сили да се спаси од пораз.
Во Штип пресврт победа на Брегалница од 2-1 против Борец. Гостите во 4 минута ја стивнаа домашната публика со погодокот на Ѓорѓевиќ но во продолжението немаа сили да го задржат водството откако Ацковски и Алтипармаковски стрелаа прецизно за значајна победа на домашниот тим.
Во Кавадарци сигурна победа од 2-0 на Тиквеш во пресметката со Работнички.
Нгоба го отвори резултатот во 35-тата минута за да во вториот дел Спахиу ги реши сите дилеми на овој интересен натпревар.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА
Брегалница- Борец 2-1
Македонија ЃП – Шкендија 1-2
Пелистер – Скопје 0-0
Шкупи – Струга ТЛ 4-0
Тиквеш – Работнички 2-0
Ренова – А.Пандев 1-2
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар