Апел за помош на 5-годишната Елеонора, потребни се 21.000 евра за лекување во Турција
По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска е подобрена. Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи.
Затоа ја бараме вашата помош, крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато. Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди, не може самостојно да се храни.
Инаку, заболувањето на Елеонора е ретка генетска болест, што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници. Со третманите, не само што се стопира прогресијата на болеста, туку и има одредени подобрувања, особено во делот на болките кои секојдневно ги имаше петгодишната Елеонора.
143-127 – Телеком
143-484 – А1
Трансанкциска сметка во Тутунска, на име Елеонора Тодоровска, сметка за донација: 210700000662646
Девизна сметка на име Елеонора Тодоровска, со IBAN: МК07210501730191280 SWIFT: TUTUNMK22
Ви благодариме на поддршката, еднаш успеавме, веруваме дека и сега ќе е така!
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија