Познат идентитетот на лицето кое загина во сообраќајката на автопатот Скопје - Тетово
Жител на Тетово на 45 годинишна возраст, со иницијали Ф.Р, е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово.
– На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р (45) од Тетово. Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога како Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф како и товарно возило мерцедес. Започната е истрага за да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија