Loading Video...
Фудбал
3. August 2020 - 16:43
Пандев со Џенова и следната сезона ќе играат во Серија А
Италијанската Серија А е последната фудбалски лига од големата петорка во Европа во која е завршена сезоната
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со својата екипа Џенова и следната сезона ќе игра в Серија А.
Со одигрувањето на натпреварите од последното коло, беше разрешена и последната дилема, односно третиот тим кој покрај СПАЛ и Бреша ќе се пресели во понизок ранг.
Тоа е екипата на Лече, која не само што не дочека „кикс“ на џенова, туку и загуби од Парма со 4-3 на домашен терен.
Но, тимот на Џенова за кој Пандев одигра 82 минути во дуелот со Верона забележа убедлива победа со 3-0 со што го задржа прволигашкиот статус.
Во новата сезона во Серија А ќе играат Беневенто и Кротоне, а кој ќе биде последниот трет тим ќе се знае по разигрувањето.
Италија следната сезона на европската сцена ќе ја преставуваат, Јувентус, Интер, Лацио и Рома во Лигата на шампионите, додека Рома, Милан и Наполи на Елиф Елмас кој триумфираше во Купот на Италија, ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->