Loading Video...
Фудбал
6. July 2020 - 14:38
Пандев постигна гол на гостувањето кај Нестороски
Дуелот на двајцата македонски репрезентативци Илија Нестороски и Горан Пандев, односно нивните екипи Удинезе и Џенова заврши без победник, а поискусниот, Пандев, беше стрелец на гол за својата екипа.
Натпреварот одигран во Удине заврши со резултат 2:2, иако домаќините до 81-та минута имаа предност од два гола. Токму Пандев со својот осми гол сезонава го намали резултатот на 2:1, додека во седмата минута од судиското дополнение (90+7) Пинамонти ја спаси Џенова од пораз.
Инаку Пандев влезе во 59-тата минута, само една пред Несторовски да биде заменет со Окака.
Бодот за Џенова е од исклучително значење во бегството од опасната зона за испаѓање, па сега тимот на Пандев е седумнаесетти со два бода повеќе од Лече и пет помалку од Удинезе кој е на 15-тото место
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->