Балкан
1. November 2019 - 17:30

Сириец се обидел од островот Хиос во Атина да пренесе девојка скриена во куфер

При контрола на грчката полиција на патниците на пристаништето на островот Хиос, пред тие да се качат на бродот за Атина, бил уапсен 25-годишен странски државјанин кој во куферот имал скриено 22-годишна девојка, соопштија од грчката крајбрежна служба.

Намерата била девојката нелегално, од грчкиот остров да стигне на атинското пристаниште, а според грчките медиуми, станува збор за двајца сириски државјани.