-->
-->
Израел: Зголемувањето на нивото на збогатен ураниум е умерено, но Иран сака нуклеарно оружје
-->
Израелскиот министер за енергетика Јувал Стајниц го нарече денеска „умерено“ објавеното иранско збогатување ураниум, но исто така го обвини Иран за повлекување од меѓународно договорените ограничувања за нуклеарните проекти. Стајниц проценува дека со тој потег Техеран почнува марш за потенцијален развој на нуклеарна бомба. -Иран започна – иако сега е умерено зголемување – но почна да зголемува, со цел да излезе од ограничувањата наметнати врз него. Тоа значи бришење на црвените линии за кои се согласивме и дека започнаа марш, марш, што не е едноставен, кон нуклеарно оружје, изјави Стајниц. Тој е член на кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа