Македонија
5. November 2015 - 8:36

Ирански хакери вршат напади врз претставници на администрацијата на Обама

Во изминатите неколку недели припадници на иранската Гарда хакирале е-маил адреси и профили во социјални мрежи на претставници на администрацијата на Барак Обама, објави Волтрит џурнал.

Се смета дека хакерските напади се поврзани со апсењето на бизнисмен од иранско-американско потекло во Техеран, наведува весникот цитирајќи американски претставници.

Весникот додава дека главни цели се луѓето кои работат на политиката спрема Иран. Меѓу нив се и припадници на Одделот за ирански прашања и Бирото за блискоисточнипроблеми во Стејт департментот.

Меѓу целите се и новинари и академици.