Балкан
1. November 2016 - 8:39

Тачи го потпиша законот за „Трепча“

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, го потпишал законот за „Трепча“,само неколку часа по одлуката на Уставниот суд на Косово, со која оценува дека Законот е уставен и отфрлајќи го на тој начин барањето на Српската листа за оценување на уставноста.  

На својот профил на фејсбук Тачи го искажува и значењето што „Трепча“го има за косовската држава.

- Треча,како национално богатство продолжува да биде од стратешко значење за нас,- пишува Тачи.

Пратеничката група на „Листа српска“ барање за преиспитување на сутавноста до Уставниот суд на Косово достави на 14 октомври.

-Со усвојувањето на овој закон се кршат правата на Србите кои живеат во Косово.За донесување на законот потребен е широк консензус-изјави тогаш Славко  Симиќ,претседател на Листа српска.

Законот за металургискиот гигант “Трепча“ косовскиот парламент го усвои на осми минатиот месец,но доколку не стапеше во сила до втори овој месец,овој економски гигант можеше да оди под ликвидација,според одлуката на посебната комора на Врховниот суд. 

Инаку, за законот од 93 присутни пратеници, 79 гласале „за“, 14 биле воздржани и ниту еден против. Веднаш по усвојувањето на нацрт-законот во првото читање, пратениците од Српска листа ја напуштија собраниската сала и го замрзнаа учеството во Владата и Парламентот.

Со законот за Трепча се предвидува 80 отсто сопственост да има Владата во Приштина и влез на Владата во можни партнерства со приватниот сектор.