Командантот на Здружената оперативна команда во посета на Штип
Командантот на Здружената Оперативна команда (ЗОК), Петар Арсовски и началници на секции денеска беа во посета на градоначалникот на Општина Штип, универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Музеите на град Штип и во Ново Село.
Арсовски на средбата со штипскиот градоначалник Благој Бочварски истакна дека Штип е град со богата историја, а во делот на присуството на воените припадници вели дека во Штип има голема традиција. Жителите и припадниците на војската, како што истакна Арсовски развивале низ годините убав однос.
- Исто така е многу важно да се каже дека со плановите за тарнсформација градот Штип остана како место во кое што војската си има своја инсталација, односно свој персонал. Во НАТО земјите секоја општина која има своја касарна е благословена, затоа што буџетските средства кои армијата ги користи се трошат во локалната заедница, вели Арсовски.
Градоначалникот, Бочварски на средбата ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети.
- Убаво е да се види како припадниците на Армијата на Република Македонија работат посветено, енергично и професионално ги применуваат своите знаења. Нивните знаења, вештини и искуства се она коешто ја прави нашата држава и граѓаните сигурна, безбедна и просперитетна. Затоа Владата на Република Македонија и Министерство за одбрана прави се во насока на подобрување на условите кадешто работат припадниците на АРМ, онаму од каде ја заработуваат својата плата, истакна Бочварски.
Припадниците на ЗОК и бригадниот генерал, Петар Арсовски имаа и средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, кој истакна дека Воената академија, која е придружна членка на универзитетот е од исклучителна важност за нив како високообразован институција. Арсовски забележа дека соработката меѓу УГД и АРМ ќе продолжи и во текот на наредниот период со цел создавање на високообразовен кадар, кој ќе биде во улога на потребите на АРМ.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија