Спорт плус
28. September 2015 - 12:52

Tитулата во друмско возење за Саган

Словачкиот велосипедист Петер Саган ја освои титулата светски шампион во друмско возење на шампионатот кој се одржа во Ричмонд, САД. 25-годишниот Саган успеа да се одвои од конкурентите на последната нагорнина и на крајот да триумфира на етапата долга 261,4 километри.
 
Словакот до победата стигна со вкупно време од 6:14.27 часа. Австралиецот Мајкл Метјуз го освои второто место, а како трет трката ја заврши Литванецот Рамунас Навардаускас.
 
„Ова е мојата најголема победа во кариерата. Пресреќен сум бидејќи се жртвував во последните три недели од Вулета (Трката околу Шпанија) и чувството е неверојатно“, рекол Саган.
 
Инаку Саган, кој вози за Тинкоф-Саксо, од 2012 година е непобедлив во борбата за зелената маичка на Тур Д’Франс.