Македонските каратистки балкански првенки во кати
Македонската карате репрезентација со по еден златен и сребрен медал го заврши денеска настапот на 27. Балканско првенство кое овој викенд се одржа во црногорскиот град Будва.
Денеска, на вториот ден на Балканијадата, македонскиот сениорски тим во женска конкуренција во состав Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Тамара Ристовска го освои златниот медал, додека женскиот сениорски тим во состав Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Магдалена Божиноска и Викторија Јовановска освои сребро во борби.
На првиот натпреварувачки ден во саботата, македонските каратисти освоија вкупно 11 медали во машка и женска конкуренција.
Титулата балкански шампион ја освои Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро, а со бронзен медал се закитија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.
Љупче Михајлов, во категоријата до 75 килограми, и Стефан Стојановиќ (+84 килограми) освоија сребрен медал, додека Емил Павлов (-67 килограми), Реџеп Рушити (-75килограми) и Данка Стојкова во категоријата кати се закитија со бронза.
На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваа 350 каратисти од 12 држави.
Ново на Сител
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад
-
Приведен 25-годишен крадец во Гостивар