Штипската библиотека ќе биде енергетски ефикасна
Зградата на штипската библиотека ќе стане енергетски ефикасна. Во тек е промената на старите прозори на објектот, кои не се променети од 1976 година, кога е изградена зградата.
Директорката на Националната установа универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“-Штип, Милена Ристова-Михајловска вели дека средствата за промена на прозорците ги добиле од Министерството за култура.
- Го добивме проектот, распишавме тендер и преку електронска аукција избрана е најповолна понуда. За рекордно време се променети сите прозорци, а на компанијата и останува уште да ги дозаврши градежните работи, вели Ристова-Михајловска.
Таа истакна дека целта на промената на прозорците е заштеда на енергија, а исто така ќе ги подобрат условите и за читателите, студентите и за вработените.
Штипската библиотеката од Министерството за култура доби 600.000 денари за реализација на проектов.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче