Николовски: Корупцијата е зло што државата мора да го елиминира, а власта одговорно работи на тоа
Корупцијата е зло кое ја јаде демократија и ја намалува довербата кај граѓаните кон институциите, и затоа секоја држава се бори да го намали и елиминира тоа зло, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во интервју на телевизија 21.
– Секако, како и во секое друго општество, така и кај нас, корупцијата е зло кое ја јаде демократија, инситутциите, човечноста, државата и ја намалува довербата кај граѓаните кон институциите и затоа секоја држава се бори да го намали и елиминира тоа зло. Состојбите во општеството се тие, имаме напластени проблеми со децении и треба една нова генерација политичари, ослободена од сите товари, да и се даде прилика да покаже решителност и борбеност, нагласи Николовски.
Според него, токму во Владата е поставена позицијата на еден вицепремиер што ќе се занимава со овој проблем и зло кое ги разочарува граѓаните и младите.
– И овој период мораме да се посветиме, покрај решените крупни прашања за државата, овој е еден од суштинските проблеми, но имаме сега кој да се занимава со него, потенцира Николовски.
Според него, токму поголемата отвореност на Владата кон коруптивните случаи и нивно пријавување од страна на граѓаните кај институциите, придонесуваат за перцепцијата на граѓаните за корупцијата.
– Сега имаме општество кое што е отворено, граѓаните без да се грижат за некакви последици тие пријавуваат незаконитости, недоследности, случаи со корупција. Исто, треба да бидат охрабрени и новинарите и медиумите да доаѓаат до информации, затоа што сите се бориме. До пред некоја година еден човек беше судија, обвинител и адвокат и затоа е добар овој квалитет што го поставуваме, да имаме отвореност, транспарентност и да го чуваме и да го градиме таквиот квалитет. Ќе имаме кол центар за централизирано да се пријавуваат сите случаи на корпиуција, но и сите неодследности во функционирањето на институциите, да имаат граѓаните увид во постапките, да ги охрабраиме граѓаните, како ние што се придиржуваме до кодексот за функционери, така да го поправаме и општеството, истакна Николовски.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата