Николоски: Власта не ги слуша ниту своите идеолози на мерките против корона
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека власта не си ги почитува кажувањата ниту на оние кои им се идолози на мерките кои се спроведуваа од почетокот на корона кризата. Николоски ова го вели во коментар на изјавата на првиот човек на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџоски кој пред некој ден изјави дека тие како Комисија препорачале летово да не се одржуваат свадби на затворено, а надлежните од власта го отфрлиле тоа.
„После таква изјава на човек кој е предводник на целата оваа политика на мерки во однос на короната, кои според мене се неефикасни од самиот почеток на пандемијата до денес, и кога таква изјава доаѓа од перјаница на власта од идеологот на овие мерки и кога е јасно дека власта не го послушала, јасно е дека оставки мора да има“, вели Николоски.
Според него непочитувањето и непридржувањето до мерките кои самите си ги предлагале значат загубени човечки животи за кои секој ден слушаме.
„Но, тоа значи и многу човечки животи во опасност во следниот период“, смета Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има