-->
-->
Неовластено играле комар, приведени 11 битолчани
-->
Во Битола 11 лица се приведени синоќа во објект каде неовластено се организирал комар. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
– На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар, соопштија денеска од МВР.
При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?