Неонацист конвертирал во ислам и станал член на Исламската држава
Уапсениот припадник на „Исламската држава“ кого германските власти на 21 февруари го приведоа поради сомневање дека подготвувал терористички напади е поранашен припадник на неонацистичка организација, јавуваат германските медиуми.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, уапсениот со име Саша Л. на германските власти до пред една година им бил познат како неонацист кој што Муслиманите ги нарекувал „тавтабити“ а на социјалните мрежи повикувал на напади врз нив и поставувал пораки против „Исламската држава“. На едно од видеата поставени од него на „Јутјуб“ Саша Л. носел маска каква што носат припадниците на неонацистичката група „Бесмртни“.
При апсењето од страна на германската полиција кај членот на ИД биле пронајдени материјали за производство на експлозив кој што според обвинението требало да биде употребено против полицајци или војници. Јавното обвинителство одбива да ги коментира наводите на германските медиуми со објаснување дека истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина