Немири меѓу мигранти на Хиос
Во еден од прифатните центри за мигранти на грчкиот остров Хиос синоќа избија немири по поројниот дожд кој поплави шатори на многу бегалски семејства.
Влошувањето на и онака лошите услови за живот на мигрантите предизвика нови физички пресметки меѓу мигрантите од различно етничко потекло, кои се фрустрирани поради доцнењето во обработката на нивните барања за азил.
Грчките власти апелираа до Европската комисија за испраќање на повеќе експерти за азил со цел да се забрза процесот на островите, но дополнителниот персонал допрва треба да дојде.
Приливот на мигранти во Грција од Турција е далеку од нивото од пред една година, но сепак секоја недела се регистрираат стотици нови пристигнувања. Меѓу четвртокот и петокот изутрина на островите во источниот дел на Егејското Море пристигнале вкупно 156 мигранти.
Во меѓувреме, родители на деца кои одат во основно училиште во Термопилес, централна Грција, вчера одлучија в понеделник да го окупираат училиштето во знак на протест поради тоа што од понеделник е планирано да почнат да учат 90 деца бегалци.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?