Македонија
1. December 2024 - 18:10

Нема доволно згрижувачки семејства во државата

Нема доволно згрижувачки семејства во државата. Речиси двојно помал е бројот на згрижувачки семејства во однос на потребите. Годинава биле поднесени 105 барања за згрижување , а позитивен одговор добиле само 40. Од СОС детско село велат, за да им се излезе во пресрет на барањата за згрижување на деца потребни се 500 згрижувачки семејства, а во моментот во државата ги има 360. Она што најмногу недостасува е поголема информираност и едукација на потенцијалните згрижувачи, но и поголема поддршка од државата.

Дека е потребна поголема државна поддршка потврдуваат и згрижувачите. Оливера Миленковска која веќе пет години е згрижувач вели дека неопходно е да најде начин да се мотивираат семејствата за да се вклучаат во оваа благородна, но и многу одговорна мисија.

Во насока на поголема информираност на потенцијалните згрижувачи, но и нивна поддршка, во Струмица беше отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. За градоначалникот Костадин Костадинов, ова треба да биде поттик за поголема соработка со граѓанскиот сектор, посебно во делот на социјалната заштита.

Центарот во Струмица треба да повозможи да се подобри системот за згрижување на деца, но и да се обезбеди поголема помош за оние кои имаат потреба од тоа.