Македонија
26. February 2025 - 12:04

Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица

На 25.02.2025 во 11.45 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Г.Ш.(26) и Н.М., двајцата од с.Синичане, тетовско.

Полициски службеници дале знак за запирање на возилото „опел“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Г.Ш., а сопатник бил Н.М., но Г.Ш. не застанал и притоа од возилото фрлил марихуана, која била пронајдена и одземена.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.