Кошарка
4. April 2016 - 10:57

НБА лига: Бостон во плеј офот

Екипата на Бостон ноќеска оствари победа на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс и со тоа го потврди пласманот во плеј-офот. Тие се шестиот тим од „Исток“ со пласман во доигрувањето, додека за другите две места Индијана и Детроит се во предност во однос на Чикаго и Вашингтон.
 
На „Запад“ пет екипи се борат за преостанатите четири места, а во моментов Хјустон е со најслаб скор. Сепак оваа екипа предводена од Џејмс Харден (постигна 41 поен) ноќеска ја победи Оклахома Сити и сега е на само една победа заостанување во однос на Јута и Далас.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Бруклин – Њу Орлеанс 87:106, 
Кливленд – Шарлот 112:103, 
Хјустон – Оклахома Сити 118:110, 
Минесота – Далас 78:88, 
ЛА КЛиперс – Вашингтон 114:109, 
Орландо – Мемфис 119:107, 
Феникс – Јута 86:101, 
Милвоки – Чикаго 98:102, 
Њујорк – Индијана 87:92, 
Голден Стејт – Портланд 136:111 и 
ЛА Лејкерс – Бостон 100:107.
 
Пласман Источна конференција:
Кливленд 55-22 (победи-порази),
Торонто 51-25,
Атланта 45-32,
Бостон 45-32,
Мајами 44-32,
Шарлот 44-32,
Индијана 41-36,
Детроит 41-36,
--------------------------------------
Чикаго 39-38,
Вашингтон 37-40,...
 
Пласман Западна конференција:
Голден Стејт 69-8,
Сан Антонио 64-12,
Оклахома Сити 53-24,
ЛА Клиперс 48-28,
Мемфис 41-36,
Портланд 41-37,
Далас 39-38,
Јута 39-38,
----------------------------------------
Хјустон 38-39,...