-->
-->
Навива за Јуве ама му „бапна“ гол!!!
-->
Актуелниот шампион на Италија никако да влезе во вистинскиот ритам во домашното првенство. Откако дури во четвртото коло ја забележа првата победа, во петтото на домашен терен ‘старата дама’ одигра само 1:1 против дебитантот во Серија А, Фросиноне.
Фросиноне не можеше да најде подобро место за да го освои првиот бод во клупската историја. На теренот на најтрофејниот италијански клуб Бланшард погоди во 92 минута за 1:1, откако Јувентус поведе 40-минути претходно со голот на Заза.
Покрај голот со кој му донесе огромна радост на соиграчите и навивачите, за стрелецот Бланшард е врзана интересна приказна, имено тој е голем навивач на Јувентус.
„Голем сум навивач на Јувентус, во јуни бев во Берлин на финалето во Лигата на шампионите, а сега против нив постигнав гол. Ова е навистина неверојатно“, изјавил Бланшард за Sky Sport.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?