Наутро магла, преку ден сончево и топло
Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од - 2 до 4, а максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималните температури ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Од недела под влијание на влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
-
Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка