Насилни протести во центарот на Атина
Грчката полција синоќа се судри со група насилни демонстранти во центарот на Атина, откако Парламентот на Грција го усовои предлог-договорот меѓу грчката Влада и кредиторите.
За време на парламентарната седница на атинскиот плоштад Синтагма се собраа околу 12.000 лица, кои протестираа против новите мерки за штедење, чие спорведување, согласно договорот постигнат во понеделникот, е услов за исплата на третиот пакет помош за Грција.
Иницијатор на протестот беше влијателниот синдикат на државните службеници АДЕДИ, кој се изјасни против договорот со кредиторите.
Но, по завршувањето на протестот, на плоштадот останаа неколку дестици маскирани млади лица, најверојатно анархисти, кои почнаа да фрлаат со камења и молотиви коктели врз полицајците.
Полицајците возвратија на нападот, при што за растерување на насилните демонстранти беа користени и шок бомби. При судирите се приведени над 30 демонстранти.
За време на немирите беа оштетени повеќе објекти и возила, меѓу кои и минибус на еден грчка телевизија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива