Нападот врз иранскиот Парламент заврши, сите четворица напаѓачи се ликвидирани
Нападот врз иранскиот Парламент заврши, а сите четворица напаѓачи се ликвидирани, јави иранската државна телевизија. Силите за безбедност се уште ја проверуваат зградата од евентуални бомби.
Информативната агенција на ИД, Амак објави видео снимка на која се гледа еден од напаѓачите во Парламентот. Се слуша како еден од извршителите на нападот извикува: „Сета слава на Алах...Мислите ли дека ќе излеземе оттука?“.
- Иранските сили за безбедност ги опкружиле напаѓачите, влегле во зградата на Парламентот, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Мохамед Хосеин Золфагхари.
- Еден од нив бил застрелан, а друг се разнел себе си во воздух. Напаѓачите влегле во Парламентот преку главниот влез, преоблечени како жени и отвориле оган, додаде тој Золфагхари.
Информациите за жртвите се различни. Според државната информативна агенција ИРНА во нападите врз зградата на иранскиот Парламент и мавзолејот на ајатолахот Хомеини.загинале две лица, а над 30 се ранети. Загинатите се припадници на обезбедувањето.
Претходно други ирански медиуми јавија за седуммина загинати, а четири лица биле земени како заложници и одведени на погорните катови од зградата. Овие информации не се потврдени од силите за безбедност.
Напаѓачите, вооружени со Калашников упаднале во Парламетнот на Техеран. Едниот од нив се кренал во воздух во зградата, додека во неа се одржувала седница.
Одговорноста за нападот ја презеде групацијата Исламска држава. Сунитската џихадистичка групација војува со милициите во Сирија и Ирак, кои се поддржани од Иран.
ИД првпат презема одговорност за напад на иранска територија.
Претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани го определи нападот како „незначително прашање“, јави ДПА.
- Екстремистите се разгневени од борбата на Иран против екстремизмот, коментира Лариџани.
Тој го омаловажи нападот, но нагласи дека тој покажува дека терористите сакаат да создаваат проблеми.
Според иранското Министерство за разузнање, две терористички групи го нападнале Парламентот и светилиштето на имамот Хоменини, а членовите на третата група се уапсени пред да извршат напад.
Ново на Сител
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
-
Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен
-
Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот
-
Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава
-
Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау