-->
-->
Намалена годинашната реколта вишни во регионот на Пијанец и Малеш
-->
Годинашната реколта вишни во регионот на Пијанец и Малеш е намалена за 70 проценти од редовното годишно производство и ќе донесе род од околу 500 тони вишни.
Прични за намаленото производство на вишни во регионот кој е познат по производство на ова овошје, информира Богдан Стојановски, менаџер во најголемиот откупувач во регионот „Рудние ММ“, се пролетните мразеви кои предизвикаа уништување на вишните и намалување на родот кој достигнува некаде и до 80 проценти.
- Производството на вишни, посебно овде на истокот, е намалено како резултат на пролетните мразеви, но има добар род во централна и западна Македонија. Во секој случај е намалена бербата во однос на другите години. Ние вишната во целост ќе ја откупиме од нашите кооперанти, а рачунаме и на дел од количините од другите региони за да ги надополниме годишните квоти на преработка на вишната, рече Стојановски.
Тој додаде дека откупната цена на вишните е 18 денари за прва класа вишни и 15 денари за втора класа. Причина за ниската откупна цена е европскиот пазар каде што се пласираат вишните.
- Цената е лимитирана на 18 денари, бидејќи вишната е берзански производ и ја диктира европскиот пазар. Годинава има доста квалитетна вишна во Полска и Србија, но има и доста залихи од претходната година, посочи Стојановски.
Деновиве започна бербата на вишните, а производителите не се задоволни ниту од цената ниту од родот. Славчо Гоцевски од Делчево годинава очекува да набере само 20 тони вишни од неговите 17 хектари.
- За нас прифатлива цена е 32 денари, или 50 центи. Со оваа цена годинава не сме задоволни, препаратите се скапи, еве јас досега сум дал 300 илјади денари само за препарати. Исто така и берачите бараат по 8 денари од набрана гајба со вишни и не знам како ќе ја покриеме оваа година, рече Гоцевски.
Инаку во Малеш и Пијанец има околу 500 хектари со вишнови насади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател