ОН: Најверојатно во Етиопија се извршени злосторства против човештвото
Воени злосторства и злосторства против човештвото најверојатно биле извршени за време на конфликтот во Етиопија, што почна во ноември 2020 година, соопшти денеска група експерти во Женева, каде нивниот извештај беше претставен на Советот за човекови права на ОН.
– Се верува дека во неколку случаи имало прекршување на основните права, односно воени злосторства и злосторства против човештвото, се наведува во извештајот, додавајќи дека групата експерти е „длабоко вознемирена што открила длабока етничка поларизација и омраза во Етиопија“.
Според нив создаден е „загрижувачки циклус на екстремно насилство“ што ја зголемува опасноста од нови и посериозни злосторства. Експертите ја повикаа меѓународната заедница и регионалните тела да „преземат мерки што ќе ги вратат мирот, стабилноста и безбедноста и ќе избегнат нови прекршувања“ на човековите права во Етиопија.
Судирите помеѓу армијата на Етиопија и бунтовничкиот Народноослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ) предизвика хуманитарна криза, а раселени се околу 2,5 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024