Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово е најстудено во Берово, -3 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 39 сантиметри.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и -1 степен во Битола, 0 Попова Шапка, Лазарополе, 1 Крива Паланка, Штип, 2 Скопје-Петровец, Струмица, Куманово, Кавадарци, Прилеп, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Охрид, 4 Крушево, Велес, Виница, Маврови Анови, Демир Капија, како и 8 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 27 сантиметри во Маврови Анови и 3 во Крушево.
Според УХМР, денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност. Во останатите делови сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени. Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници