-->
-->
Најпрво тивко ќе заплачеше , а потоа ќе седнеше на својот клавир и ќе ја кренеше главата - вака Оливер Драгоевиќ зборуваше за тешката болест
-->
Легендарниот пејач Оливер Драгоевиќ почина утрово во 5 часот во болницата во Сплит на 71-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со ракот.
Иако тој храбро се бореше се до последниот момент и позитивните мисли беа со него до последниот момент, за жал не издржа.
- Добро сум, можам да кажам дека не се чуствувам како болен. ЕДа не морам да одам на хемотерапија, ќе помислам дека немам ниту една тегоба. Нормално лекови пијам и се како што ми е препишано. Кога не одам на хемотерапија, многу сакам да одам во викендицата во Велој Луци каде обожавам да свирам и пејам. Тоа единственото кое ме исполнува овие денови. Страшно е тоа кога болеста ќе го нападне човекот, но ако се борите, воглавно ќе ја добиете битката. Верувам дека ќе ја добијам. Велат музиката е лек, затоа постојано свирам и на тој начин се лекувам, зборуваше неодамна пејачот Оливер Драгоевиќ.
Кога на 7. декември минатата годинанаполни 70 години, луѓе коментираа секакви работи, а се појави и веста дека музичарот починач. Тоа Оливер воопшто не го допре. Во тој период имаше закажан концерт кој мораше да го откаже бидејќи здраствената состојба му се влоши.
- Ма дајте, тоа се само глупости. На луѓето ако не им се јавиш некое време, веднаш те отпишуваат и мислат дека повеќе не си меѓу живите. Го сакам животот, а на такви приказни секохаѓ гледав со насмевка. Во тоа време кога не им се јавував на луѓето го барав својот мир, а тоа единствено можам да го најдам во викендицата. Ако некои ме отпишаа, се излажаа, посилен сум како никогаш досега, зборуваше Оливер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза