Балкан
11. September 2017 - 8:33

Најмалку еден загинат во поморска несреќа во Црна Гора

Едно лице загина, а по уште три други се трага, откако брод-едрилица вчера доцна попладне се насука на влезот во заливот Бока Которска во Црна Гора.

Како што соопшти директорот на црногорската Управа за поморска безбедноста, Сафет Кочан, силниот ветер што вчера попладне го зафати тој дел на Јадранското Море, ја одвлекол едрилицата кон брегот и таа се насукала во близина на местото Добреч.

Во време на несреќата на едрилицита, што испловила од Котор, се наоѓале шест лица, од кој едно го загубило животот, две се спасени, додека по останатите три се трага.   

Кочан во изјава за РТЦГ прецизираше дека двете спасени лица биле пронајдени на насуканата едрилица, додека остнатите бил одвлечени од големите бранови.