Најмалку еден загинат и 40 повредени во силна експлозија во центарот на Јоханесбург
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 40 се повредени во експлозија во централната деловна област на комерцијалната престолнина на Јужна Африка, Јоханесбург.
Властите допрва треба да ја утврдат причината за експлозијата која вчера попладне предизвика голема штета на улиците, иако првичните шпекулации укажуваа дека дошло до напукнување на гасовод.
Градски снабдувач Egoli Gas Ltd. соопшти дека е малку веројатно дека истекувањето во неговиот гасовод ја предизвикало експлозијата, бидејќи неговите системи немаат губење на притисокот.
Сепак, компанијата соопшти дека открила мало истекување на цефководите во близина на областа на експлозијата, што било резултат на експлозијата.
„Допрва треба да биде обновена струјата на трафостаницата Бри, која е најблиска до епицентарот“, изјави портпаролот на Сити Пауер, Исак Мангена во интервју за Радио 702.
При експлозијата се превртеа такси, минибуси и неколку други возила, додека една од улиците изгледаше како да е ширум отворена. Првите извештаи од местото на настанот покажаа дека неколку лица се здобиле со полесни до умерени повреди, се наведува во соопштението на Итната медицинска служба.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите